Блокотехна имаше „тренинг натпревар“ со Фени Индустри

Блокотехна ја запиша и деветтата победа во 11. коло од Првата македонска кошаркарска лига славејќи против Фени Индустри пред своите навивачи убедливо со 83-58.

Без многу проблеми гевгеличани стигнаа до триумфот, најавувајќи го уште во првото полувреме кое го добија со 11 поени разлика (41-30).

Во второто полувреме само рутински се одржуваше предноста за конечна победа. Најефикасен во победничкиот тим беше Казарновски со 20 поени, дополнети и со седум скока. 17 поени постигна Мијатовиќ, а Ѓуроски мечот го заврши со 9 поени. Кај Фени Магдевски и Петровски запишаа по 12 поени.

Блокотехна остана на втората позиција на табелата со 9 победи и 2 порази, веднаш зад Работнички кој има максимален ефект од 11 победи.

Се вчитува...