Блокотехна надмоќна со Струмица

Кошаркарите на Блокотехна остварија убедлива победа (57-97)  против Струмица. Иако официјално беа гости, всушност гевгеличани овој меч го одиграа во Негорци. Уште по првата четвртина тимот на Марјан Илиевски обезбеди убедлива предност (10-23), која само растеше до крајот на натпреварот. На крајот, гевгеличани славеа со 40 поени разлика.

Горан Главчев беше стрелец на 16 поени, остварувајќи трипл дабл (10 скока и 10 асистенции), а еден помалку постигна Стојан Ѓуроски. Двоцифрени беа и Илија Колев (14), Данило Мијатовиќ (13), Бенџамин Двејн (11) и Шакир Смит (11).

Драган Абрашев беше поентерски најрасположен на натпреварот и успеа да постигне 19 поени.

Се вчитува...