Боатенг го пропушта мечот против Нирнберг

Тренерот на Баерн Минхен на денешниот натпревар против Нирнберг нема да може да смета на Џером Боатенг поради повреда на коленото. Светскиот шампион од 2014 година се повредил на вчерашниот тренинг, по што морал веднаш да го напушти теренот, пренесува германскиот „Билд“.

Боатенг примил удар во дуелот кој го имал со соиграчите Хави Мартинез и Роберт Левандовски. Дополнителните прегледи ќе покажат колку време Германецот ќе биде надвор од терените. Мечот меѓу Нирберг и Баерн Минхен почнува во 18 часот, а баварскиот клуб има огромна шанса за нова титула откако Борусија Дортмунд вчера загуби од Шалке со 1-3.

 

Се вчитува...