Боатенг го шокираше фудбалскиот свет со потписот преку ноќ во Серија Б

Некогаш, една од најголемите европски ѕвезди, Кевин Принс-Боатенг го шокираше фудбалскиот свет со одлуката во само една ноќ кариерата да ја продолжи во новиот член на италијанскиот второлигаш Монца.

33-годишниот фудбалер неочекувано се одлучи за договор со тимот од Серија Б кој го предводи Силвио Берлускони.

Берлускони сака што побрзо да ја однесе Монца во Серија А, па затоа агресивно носи бројни засилувања. Претходно, Монца издвои и 4,5 милиони евра за Мирко Мариќ, а пристигна и талентираниот Бразилецо од Коринтијанс, Карлос Аугусто.

Боатенг минатата сезона настапуваше за Бешикташ на позајмица од Фиорентина, а во својата богата кариера има настапувано и за Барселона, Милан, Борусија Дортмунд, Тотенхем…

Се вчитува...