Кевин Принц Боатенг, поранешниот фудбалер кој во богатата кариерата меѓу останатите ги бранеше и боите на Тотенхем, Борусија Дортмунд, Милан, Шалке, Барселона… во разговор за „ТВ Плеј“ имаше пофални зборови за тренерот на Брајтон, 44-годишниот Роберто Де Зерби.
Боатенг и Де Зерби соработуваа заедно во италијанскиот прволигаш Сасуоло па од лично искуство смета и дека овој италијански стратег не само што ќе биде најдобар на светот во следните децении, туку и моментно е подобар тренер од Пеп Гвардиола.
„Да ми беше тренер Де Зерби пред 10, 12 години ќе играв сосема друг фудбал. Мислам дека тој ќе биде најдобриот тренер на светот во следните 20, 30 години. Секој фудбалер кој соработуваше со него напредна многу. Јас соработував со него на 32 години и се чувствував дека сум посилен отколку било кога. Кога играш за него се чувствуваш вклучен во се. Знаеше да ме подигне и да ме мотивира. Размислува на човекчки план што е клучно“, изјави Боатенг кој потоа на прашање дали смета дека е подобар тренер од Гвардиола одговори позитивно со „да“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА