Боб Марли и ‘Three little birds’ – Ајакс воодушеви со новите дресови (ВИДЕО)

Ајакс во пресрет на новата сезона воодушеви со новиот изглед на третиот дрес кој е во чест на Боб Марли и ‘Тhree little birds’, неофицијлната химна на навивачите на амстердамскиот клуб кој стана заштитен знак.

Црната боја со „раста“ траките на ракавите, како и броевите и имињата на грбот на фудбалерите во истиот стил ги воодушевија навивачите на овој клуб кои „полудеа“ на социјалните мрежи.

Се вчитува...