Бобан Георгиев потпиша за Борац Бања Лука

Македонскиот фудбалски интернационалец Бобан Георгиев ја продолжува кариерата во БиХ. Тој потпиша договор на една сезона со босанскиот прволигаш Борац Бања Лука.

Овој клуб настапува во квалификациите за Лигата на Европа и во второто коло ќе игра против Рио Аве.

Бобан Георгиев настапуваше за Радник Сурдулица и се реши за нов предизвик, а во Македонија беше дел од Брегалница и Силекс.

Се вчитува...