Бобан Георгиев замина од Силекс, пред трансфер во Радник Сурдулица

Младинскиот репрезентативец Бобан Георгиев ги напушти редови на кратовски Силекс и e пред официјализирање на трансферот во српскиот суперлигаш Радник Сурдулица.

22-годишниот крилен офанзивец одлучи да стартува интернационална кариера со прифаќање на понудата за преселба во редовите на Радник.

Георгиев зад себе има одлична сезона во редовите на Силекс по која следеше понудата од српскиот суперлигаш. Претходно во својата кариера има настапи и за штипска Брегалница како и за младинскиот тим на Металург.

Се вчитува...