Бобан Марјановиќ е човек од народот (ВИДЕО)

Српскиот центар Бобан Марјановиќ оваа сезона не добива голема шанса во НБА лигата, но настапи на теренот на последниот ден од регуларниот дел од сезоната. На дуелот против ЛА Клиперс забележа 13 поени и 8 скокови, а ги израдува и фановите во преполната сала во Лос Анџелес.

Пред Србинот да изведува слободни фрлања, Клиперс најавија дека доколку противникот ги промаши двете фановите ќе добијат бесплатно пилешко, а големиот шоумен во вака резултатски небитен натпревар немаше проблем да ги израдува и противничките фанови докажувајќи дека е човек од народот.

Се вчитува...