Бобан: Во Милан владее диктатура како во Северна Кореја

Звонимир Бобан од вчера повеќе не е член на управата на Милан, па Хрватот можеше без влакна на јазикот да го образложи заминувањето од италијанскиот гигант. Официјално, тој беше сменет поради интервју дадено за весникот „Газета дело спорт“, во кое го критикуваше Иван Газидис за криење на преговорите со Ралф Рангник, кој следното лето треба да пристигне во двојна функција, како тренер и спортски директор.

„Не знаев дека во Милан владее диктатура како онаа во Северна Кореја. Моето интервју за Газета беше беспрекорно од правен аспект, пристигна како одговор на многу прашања за кои управата на Милан долго време немаше логично објаснување. Газидис се договорил со Рангник уште во декември. Му посакувам многу среќа на Ралг, но челниците на клубот мораа да кажат што направиле, барем да сум информиран за она што ќе се случува. Вака, се случи ние да бараме засилувања, да преговараме и да дојдеме до фаза на потпис, а потоа се да пропадне бидејќи Газидис кажа дека новиот тренер мора да ги одобри новите трансфери. Кој нов тренер? Пиоли ги сакаше тие играчи, му беа потребни за подобри резултати“, изјави Бобан.

Хрватот веднаш по заминувањето од италијанскиот клуб доби понуда да се врати во ФИФА, каде работеше како директор во светската куќа на фудбалот.

 

Се вчитува...