Бодо Глимт станува кошмар за Мурињо, Конте дебитираше со победа

Бодо Глимт повторно го најде решението за Рома и Жозе Мурињо. Откако го претходното коло норвешкиот тим славеше со преубедливи 6-1 над римскиот состав на домашен терен, овој пат на гостински се избори за бод (2-2).

Гостите два пати ја имаа предноста, а фаворизираните домаќини два пати се враќаа во натпреварот. До првиот гол Бодо Глимт стигна преку Солбакен во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме, а Ел Шарави го изедначи резултатот во 54. минута. Девет минути подоцна Ботхеим го донесе норвешкиот состав во ново водство, а Мурињо го спаси Ибањез во 84. минута.

Антонио Конте пак имаше победничко деби на клупата на Тотенхем откако славеше со 3-2 над Витесе во натпревар кој покрај петте гола го одбележаа и црвените картони. Први стигнаа головите, а три во низа нанижаа „петлите“. Сон, Лукас и автоголот на Расмусен донесоа водство за домашниот тим од 3-0 веќе во 28. минута, а кога се чинеше дека лондонскиот состав ќе се „прошета“ на сцена настапија гостите.

Расмусен во 32. минута ја намали негативата, а Беро седум минути подоцна го одведе својот тим на негатива од еден гол. Голеадата за жал не продолжи во вторите 45. минути, а гостите имаа шанса да стигнат и до изедначување откако Тотенхем остана без Ромеро поради втор жолт картон во 59. минута.

До крајот на натпреварот гостите напаѓаа, но и самите останаа без два играчите откако во 81. Доекхи мораше да го напушти теренот поради втор жолт картон, а четири минути подоцна и голманот Шуберт кој играше со рака надвор од шестнаесетникот.

Се вчитува...