Бодрете ги ракометарите – билетите во продажба за 100 и за 200 денари

Ракометната Федерација на Македонија денеска ги пушти во продажба влезниците за претстојниот бараж дуел за пласман на СП 2019, во кој „црвено-жолтите“ на 10 јуни со почеток во 20.30 часот ќе ја пречекаат селекцијата на Романија

Раководството на РФМ како и секогаш се реши за популарни цени, се со цел ракометарите да добијат што поголема поддршка од трибините, па билетите за овој максимално значаен дуел се со цена од  100 денари (горни трибини) и 200 денари (долни трибини – партер).

Македонската машка ракометна репрезентација првиот од двата бараж натпревари ќе го игра во Скопје, а ревашнот ќе се игра во Клуж на 13 јуни. Победникот од двомечот ќе обезбеди учество на Светското Првенство што ќе се игра во Данска и Германија во јануари 2019 година.

Се вчитува...