Богата кошаркарска програма: Започнуваат и натпреварите од Третата лига и младинските конкуренции

Овој викенд покрај дуелите во Првата и Втората кошаркарска лига на терените ширум Македонија започнуваат и средбите од Третата лига, како и младинските лиги за играчи до 16 и 18 години во машката конкуренција.

Во Третата лига 17 клубови ќе се борат за две места во повисокиот ранг на натпреварување. Притоа истата ќе биде поделена на две одвоени натпреварувачки групи од кои првата ќе брои осум, а втората девет екипи кои ќе се натпреваруваат по системот дома-гости.

По регуларниот дел од првенството четирите најдобро пласирани екипи од групата „А“, разигруваат со четири најдобро пласирани екипи од групата „Б“ во системот „подобар од три натпревари“.

Во групата „А“ силите ќе си ги одмерат: Баскет Дино, Крива Паланка, Младинец, Ролинг, Спорт Тим, Куманово, Спарта и Вардар.

Додека во групата „Б“ ќе се сретнат: Мега Баскет, Пробаскет, Риниа, Тетова Булс, Дибра Иглс, МКК Куманово, Албес, ИБА Баскет и Работнички.

Овој викенд започнуаат само средбите од групата „Б“, а следниот викенд и натпреварите од групата „А“.


Младинската конкуренција за играчи до 16 години каде Работнички го брани трофејот ќе брои 31. екипа и истата ќе биде поделена на четири групи. Прва лига, Втора лига – Исток, Втора лига – Запад и Втора лига – Скопје.

Првата лига ќе биде составена од осум екипи: Работнички, Феникс 2010, Вардар, МЗТ Скопје, Академија ФМП, Гостивар, Воднос Санс и Чаир 2030. 

Во Втората лига – Исток силите ќе си ги одмерат: Дино Баскет, Куманово, Кожув, Водно Санс 2, Вардар 2014, Феникс 2010 2, Баскет КАМ и Ролдинг.

Во Втората лига – Запад ќе се сретнат: Црн Дрим, Спортисимо, Јуниор Б. Битола, Пелистер, Мега Басект, Еуро Никел и Јасмин 95.

Во Втората лига – Скопје силите ќе си ги одмерат: Ангели, Шкипи, ТФТ, Вибас, Тетова Булс, МКК Куманово, Риниа и Борец.

Повеќе околку системот за натпреварување можете да прочитате ТУКА.


Младинската конкуренција за играчи до 18 години каде бранителот на трофејот е Феникс 2010 ќе се натпреваруваат 26 екипи кои ќе бидат поделени во три групи. Прва лига, Втора лига – Исток и Втора лига – Запад.

Во Првата лига силите ќе си ги одмерат: Феникс 2010, Работнички, Куманово, МЗТ Скопје, Водно Санс, Вардар, ТФТ и Шкупи.

Втората лига – Исток ги брои: Академија ФМП, Работнички 2018, Струмица, Еуро Никел, Кожув, Дино Баскет, Борец Баскет, Риниа и Ангели.

Во Втората лига – Запад ќе се сретнат: Црн Дрим, Гостивар, Пелистер, Чаир 2030, Водно Санс 2, Албес, Дени 4, Феникс 2010 2 и ГКК Охрид.

Повеќе околку системот за натпреварување можете да прочитате ТУКА.

Се вчитува...