Поранешниот македонски репрезентативец Мартин Богатинов останува на Кипар најмалку до 2022 година. Тој го продолжи договорот со Етникос Ахна и ќе ја чува мрежата на овој тим и во наредните две сезони. Богатинов од 2015 година е член на Етникос Ахна и досега има 104 настапи за кипарскиот прволигаш. За репрезентацијата на Македонија забележа 18 настапи.
34-годишниот Мартин Богатинов веќе шест години ја гради кариерата на Кипар, а претходно беше интернационалец и во Украина и во Романија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА