Капитенот на репрезентацијата на Србија и кошаркар на Атланта, Богдан Богдановиќ најверојатно ќе го напушти овој клуб, и ќе ја продолжи кариерата во Минесота, пренесуваат медиумите во САД.
„Волците“ покажале сериозен интерес за Србинот. Бекот има договор со Атланта, меѓутоа е незадоволен поради слабата минутажа.
Моментално најдобриот тим на Западот сака со Богдановиќ да го засили ростерот за завршницата на лигашкиот дел и за плеј-офот. Но, оваа екипа моа да направи промени ако сака да го доведе Србинот, па наводно е подготвена да се откаже од Кајл Андерсон, кој е во последната година од договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА