Богдан Богдановиќ „распали“ во „маратонскиот“ натпревар во Тексас (ВИДЕО)

Богдан Богдановиќ беше мета на претендентите за титула во НБА лигата пред завршувањето на „трејд“ периодот, но на крајот и покрај големите гласини, Србинот остана во Атланта, а изминатата вечер ја покажа својата класа во победата на својот тим по две продолженија против Сан Антонио (129-134).

Српскиот интернационалец натпреварот го заврши како предводник на својот тим со 28 поени и реализација 8/12 за два поени, и со само едно промашување (4/5) зад линијата за три поени, со што постави нов поентерски рекорд за оваа сезона. Притоа бекот на Атланта додаде и 5 скока и 5 асистенции.

Се вчитува...