Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ ја игра една од најдобрите сезони во НБА лигата. Бекот бележи белскави настапи за Атланта која се пласираше во плеј-инот од разигрувањето за титула, а во убедливиот пораз на вчерашното гостување кај Индијана забележа и завиден јубилеј.
Имено, Богдановиќ реализираше три тројки од осум обиди со кои се изедначи со легендарниот сонародник Предраг Стојаковиќ по бројот на постигнати тројки во една сезона со 240 зад нивното име.
Стојаковиќ до оваа бројка стигна во сезоната 2003/04 како кошаркар на Сакраменто и за него тоа беше најдобра сезона во НБА лигата завршувајќи и како четврти во гласањето за најкорисен играч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА