Богдановиќ го оперираше коленото, го пропушта стартот на НБА сезоната

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ го оперирапе левото колено и ќе паузира од четири до шест седмици, иинформираше неговиот клуб Сакраменто кингс. Тоа значи дека ќе го пропушти стартот на сезоната во НБА – лигата, кој е предвиден за 16.октомври.

Поранешниот играч на Фенербахче и на Партизан се повреди во националниот дрес, на натпреварот меѓу Србија и Естонија во квалификациите за СП во Кина. Ова е втора операција за Богдановиќ на истото колено. Тој минатата ’руки сезона’ во НБА лигата ја заврши со просек од 11.8 поени, 3.3 асистенции и 2.9 скока по меч.

 

Се вчитува...