Богдановиќ: Јокиќ не е свесен колку значи МВП наградата за Србија, тоа е како златото на СП 2002

Никола Јокиќ испиша историја откако стана првиот Србин кој успеал да ја освои МВП наградата во НБА лигата. Центарот на Денвер кој доби возвишки од сите страни целосно ја имаше и поддршката од „српската колонија“ во најсилната кошаркарска лига, а Богдан Богдановиќ не престанува да го величи својот сонардоник.

Во интервју за ‘Њујорк Тајмс’ кошаркарот на Атланта говореше за Јокиќ и притоа направи споредба на МВП наградата со златото кое Србија го освои на Светското првенство во 2002 година.

„Ќе му биде потребно време да сфати што направи оваа година. Таа МВП награда може да се спореди со златото која нашата репрезентација го освои со нашите идоли – Стајаковиќ, Дивац, Ѓорѓевиќ. Тој сигурно е еден од идолите на децата и ќе биде голем мотиватор за нив. Тоа значи многу. Сите говореа за Светското првенство 2002 година, сите деца во школо… погодувавме тројки и повторувавме ‘Пеџа Стојаковиќ’ или некое друго големо име од српската кошарка. Се надевам дека сега има деца кои го прават тоа со нашите имиња. Добро е чувството да бидеш во таа позиција“, вели Богдановиќ.

Се вчитува...