Богдановиќ: Перо Антиќ ќе ми биде од помош за адаптација во Атланта

Заврши уште една трансфер-сага во НБА-лигата, Богдан Богдановиќ беше на чекор до Милвоки Бакс, за во последен момент ситуацијата да се искомпликува и српскиот „снајпер“ кариерата да ја продолжи во Атланта. Поранешниот ас на Фенербахче на претставувањето во новиот клуб обелодени дека при изборот на клуб барал совет и од единствениот Македонец што некогаш играл во НБА-лигата, Перо Антиќ.

Богдановиќ и Антиќ заедно го носеа дресот на Фенербахче, заедно стигнаа и до круната во Евролигата, а актуелниот претседател на КФСМ имал само пофални зборови за својот поранешен клуб.

Мојот пријател Перо Антиќ играше овде. Настапувавме заедно во Фенербахче, знам колку беше лут што мораше да ја напушти Атланта. Сега пак беше многу возбуден што јас ќе играм овде. Мислам дека тој ќе ми биде од огромна помош за адаптацијата во Атланта, иако не живее во САД“, истакна Богдановиќ.

Се вчитува...