Пресметката меѓу Квин Снајдер и Богдан Богдановиќ го одбележа натпреварот во кој Атланта победи на гостувањето во Чикаго (101-113).
За време на еден тајм-аут, српскиот кошаркар беше видно незадоволен, а фрустрацијата ја искажа со фрлање на шише вода на подот. Набрзо го облече дресот и го зазеде неговото место на клупата, веројатно како последица на претходниот чин, откако тој тргна кон тренерот Квин Снајдер, кој му се внесе во лице
Богдановиќ му викаше на Снајдер постојано покажувајќи кон себе, на што мораа да реагираат соиграчите кои ги разделија. Набргу потоа, Богдан и Квин се поздравија, сфаќајќи дека сè е во жарот на битката.
Bogdonavic and Snyder had to be separated on the bench 😳 pic.twitter.com/F7Ih78qEkC
— Bulls Talk (@NBCSBulls) April 2, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА