Богдановиќ се врати после седум месеци, Атланта славеше над Денвер и Јокиќ, порази на лидерите

Кошаркарите на Атланта беа подобри од Денвер со 117-109 во натпревар кој го одбележа враќањето на паркетот на Богдан Богдановиќ после седум месеци опоравување. На Денвер не им помогна ниту одличната партија на Никола Јокиќ кој дојде до нов, 14-ти дабл-дабл сезонава.

Атланта речиси во целиот натпревар имаше иницијатива, со исклучок на третиот период кога на кратко Денвер дојде до предност, но тоа беше се, а домашниот тим не дозволи гостите да направат пресврт. Мари со 34 поени беше најефикасен, а залудни беа 24 поени на Јокиќ. Богдановиќ после седум месеци одигра 22 минути и постигна пет поени.

Најнеизвесно беше на наптреварот Бостон – Мајами, кој го доби гостинскиот тим после продолженијата. Во регуларниот дел беше 110-110, а потоа Мајами поснаодлив тим во дополнителното време за победа над лидерот во источната конференција.

Загуби и лидерот во западната конференција Феникс кој беше поразен од Хјустон „тесно“ со 121-122. Победата беше обезбедена во последните секунди од мечот.

РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Вашингтон 117:116
Атланта – Денвер 117:109
Бостон – Мајами 116:120 (по продолженија)
Бруклин – Торонто 114:105
Кливленд – Орландо 107:96
Милвоки – ЛА Лејкерс 129:133
Мемфис – Филаделфија 117:109
Сан Антонио – Њу Орлеанс 99:117
Фeникс – Хјустон 121:122
Јута – Индијана 139:119
Голден Стејт – Чикаго 119:111

Се вчитува...