Богдановиќ со меч на кариерата: 38 поени и „дабл-дабл“…, но Адетукомбо, сепак, подобар! (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ го одигра својот најдобар натпревар од доаѓањето во НБА лигата, но неговата Атланта загуби од Милвоки со 122-113 во синоќешниот натпревар во најквалитетното светско кошаркарско првенство.

Богдан против Милвоки постигна 38 поени од кои дури 17 во последната четвртина. Сепак, за него тоа не е поентерски рекорд ако се знае дека во декември против Денвер запиша 40 поени, но овој пат заврши навистина со одлична целокупна партија со плус 10 скока, пет асистенции и една украдена топка.

Јанис Адетукомбо беше исто така расположен на спротивната страна со 36 поени, 16 скока и 8 асистенции. Крис Мидлтон дополни со 21 поен.

На Богдановиќ, во неговиот тим, најголема поддршка му пружи Дежонте Мареј со 20 поени и 12 асистенции.

Се вчитува...