Богдановски на 33.место на 100 метри слободно

Македонската пливачка репрезентативка Анастасија Богдановски настапи во квалификациите на трката на 100 метри слободно на Светското првенство во Будимпешта и на крајот го освои 33. место во конкуренција на 78 натпреварувачки. Македонската репрезентативка делницата ја исплива со време 56,56 секунди.

Настапот во квалификациите на 100 метри слободно беше вториот настап за Богдановски на пливачкиот мундијал откако претходно на двојно подолгата патека заврши како 28. во конкуренција на 58 пливачки.

Се вчитува...