Бојан Богдановиќ заврши во најлошиот тим во НБА, но добро пофитираше

Хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ по три години поминати во Јута повторно ќе ја промени средината откако денеска беше трејдуван во Детроит Пистонс за канадскиот центар Кели Олиник и бекот Сабен Ли. Со тоа продолжи реконструкцијата на тимот кој претходно остана без Руди Гобер и Донован Мичел.

Денвер беше „фенерџија“ претходната сезона со скор од 23 победи и 59 порази, но истото значеше и висок драфт пик па сега тимот заедно со играчите „собрани“ во претходните сезони има неколку таленти кои се гледаат како иднина на првенството.

Богдановиќ со 33 години ќе биде најискусниот во тимот па ќе биде интересно да ја проследиме одлуката на раководството. Дали ќе го задржи Хрватот за искуство или пак ќе го замени за драфт пик кај некој конкурент за титула.

Трејдот е во полза и за самиот Богдановиќ кој во договорот со Јута имаше „трејд-кикер“ опција за зголемување на платата од 15 отсто доколку ја промени средината. Со тоа нето заработката од актуелните 19.5 милиони ќе му биде зголемена на 22.5 милиони долари.

Се вчитува...