Бојана Поповиќ на местото на Аџиќ во Будуќност

Долгогодишната црногорка репрезентативка Бојана Поповиќ е изборот за нов тренер на екипата на Будуќност, добивајќи ја одговорната задача да го наследи Драган Аџиќ на клупската на црногорскиот првак.

Аџиќ самиот си поднесе оставка по поразот од Ѓер во минатото коло од Лигата на шампионите, а од неколкуте опции кои се разгледуваа челниците на Будуќност решија да и дадат шанса на Поповиќ. Ова ќе биде нејзин прв самостоен тренерски ангажман, откако ја предводеше кадетската репрезентација на Црна Гора на СП во Полска во 2018 година. Воедно, таа пред неколку дена беше именувана за прва асистентка на новиот селектор на сениорската репрезентација на Црна Гора, Данецот Ким Расмусен.

Бојана Поповиќ како играч има дури шест трофеи во Лигата на Шампионите, а беше дел и од репрезентацијата на Црна Гора што го освои сребрениот медал на ОИ во Лондон во 2012 година.

Се вчитува...