Бока јуниорс не сака да го игра Супер Класико, бара службена победа во Копа Либертадорес

Ќе се одигра ли Супер Класико вечерва, по огромните инциденти што се случуваа синоќа на „Монументал“. На помалку од четири часа до почетокот на реванш мечот од финалето ка Копа Либертадорес се уште постојаат многу непознаници. Бока јуниорс официјално побара од КОНМЕБОЛ да го добие мечот службено, истакнувајќи дека најголем дел од фудбалерите чувствуваат последици од синоќешниот напад со солзавец на клупскиот автобус.

Финалето беше одложено и поместено за вечерва, со почеток во 21 часот, но Бока јуниорс очигледно нема намера да се појави на теренот. Лудилото со Супер Класико, големото дерби меѓу Ривер Плата и Бока јуниорс, продолжува. По првиот финален меч, резултатот е 2-2.

Се вчитува...