Бока јуниорс остана без трофеј и без тренер

Гилермо Барош Скелото се одлучи да го напушти кормилото на Бока јуниорс по поразот во финалето од Ривер Плата во Копа Либертадорес.

45-годишниот тренер тимот од „Ла бомбониера“ го презеде во март 2016 година и успеа да го врати во самиот врв на аргентинскиот фудбал. Но, неодамнешниот пораз од Ривер Плата резултираше со одлука за напуштање на тренерската функција.

„Приморани сме годината да ја почнеме со нов тренер“ – изјави претседателот на Бока, Даниеле Анжелик.

Бока јуниорс под водство на Скелоти, кој претходно во тренерската кариера ги водеше Палермо и Ланус, освои две едноподруго титули во Аргентина.

Се вчитува...