Бока Јуниорс потврди дека е заинтересирана за Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ ја игра последната сезона во тимот на ЛА Галакси, откако најави дека на крајот на годината ќе го напушти клубот од МЛС лигата, поради тоа што сака нов предизвик во кариерата. Тој изјави дека би сакал кариерата да ја продолжи во аргентинскиот великан Бока Јуниорс, а од клубот потврдија дека ќе испратат официјална понуда до популарниот „Ибракадабра“.

„Вистина е дека Ибрахимовиќ сака да игра во нашиот клуб и вистина е дека и ние го сакаме тоа. Во моментов сме во одлична финансиска состојба и да можеме да го платиме Ибрахимовиќ“, изјавија од Бока Јуниорс. 

 

Се вчитува...