Болница: Десет играчи на Вардар се позитивни на Covid-19

Македонскиот првак Вардар се соочува со алармантна ситуација на крајот од календарската година откако дури десет членови на играчкиот кадар на „црвено-црните“ се заразила од коронавирус за време на гостувањето против Киелце.

Прв симптоми појавил еден од руските интернационалци во клубот, но тоа било само почеток на серијата позитивни случаи во таборот на Вардар.

„Ситуацијата е далеку од добра. Единствена позитивна работа е што ниту еден од позитивните нема посериозни симптоми. Очекуваме во блиска иднина состојбата да се стабилизира, но во меѓувреме немаме услови ниту за нормален тренинг поради малиот број на здрави ракометари“, информираат од РК Вардар.

„Црвено-црните“ требаше на 1 декември да го одиграат заостанатиот меч со ПСЖ, три дена подоцна им беше закажно и гостувањето во Порто, но јасно е дека не постојат услови Вардар во блиска иднина да се врати на терен.

Се вчитува...