Лацио се наоѓа во сериозна криза, по првите шест рунди во Серија А има собрано само седум бода и се наоѓа на 13. место на табелата, а тренерот Сари згора на тоа има сериозни проблеми со повредеи фудбалери.
Матија Закањи се повреди пред последниот меч и ќе паузира четири седмици од терените, повредени се и Марушиќ и Пелегрини, а последната лоша вест пристигна од Сенегал. Булаје Дија требаше да настапи за оваа селекција во африканските квалификации, но и тој заработил повреда на мускулот и ќе мора предвреме да се врати назад во Рим.
Повреден е и Весино, како и Ровела, кој решил да не замине на операција, но се уште е неизвесно кога овој клучен играч за врска ќе му биде на располагање на Сари (се шпекулира дека тоа може да биде најрано во ноември).
„Лацијалите“ во првото коло по паузата ќе гостуваат на Аталанта, исклучително тежок предизвик во ситуација кога римскиот тим се уште ќе биде преполовен во играчкиот состав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

