Болт не успеа, Гетлин го победи во последната трка на 100 метри!

Молњата не светна во својот последен обид. Усаин Болт ја загуби својата последна трка на 100 метри, на Светското првенство во Лондон. Кога сите очекуваа да се прости со триумф, Болт загуби за првпат по една деценија и го освои само третото место.

finish finale

Џастин Гетлин, кој е омразен кај голем број атлетски фанови, поради користењето на допинг средства, беше суспендиран, но се врати и го победи Болт во неговата последна трка. Го освои златниот медал, со време 9,92 секунди. Имаше фантастичен финиш и успеа да го довие Кристијан Колмен, кој е второпласиран, со време 9,94 секунди.

Болт го освои бронзениот медал, со време од 9,95 секунди.

Се вчитува...