Болт неславно ја заврши фудбалската кариера

Усаин Болт и во своите најдобри времиња како атлетичар потенцираше дека голема желба му е да се испроба и на светската фудбалска сцена. Сепак, тоа се покажа како тотален неуспех, па Болт денеска објави дека ја завршува фудбалската кариера, без ниту еден одигран официјален натпревар.

„Беше убаво додека траеше“ – порача атлетичарот од Јамајка, кој очигледно е далеку од потребното ниво за да игра професионален фудбал.

Неколку клубови покажаа интерес да го доведат во своите редови, пред се за подобрување на имиџот, но Болт со фудбалските квалитети не убеди никого дека може добро да се снаоѓа на теренот. Последниот ангажман го имаше во Австралија, одигра и неколку пријателски натпревари, но откако не му беше понуден договор од тимот на Централ коуст маринерс, конечната одлука за повлекување се чини како единствен правилен потег.

Се вчитува...