Болт: При чиста свест кажувам, Роналдо е побрз од мене

Најбрзиот човек во историјата на човештвото, Јусеин Болт смета дека Кристијано Роналдо во овој момент е побрз од него.

„Сигурно Кристијано е побрз од мене. При чиста свест го кажувам ова. Напорно работи секој ден, тој е неверојатен атлета. Неверојатно е како е фокусиран. Убеден сум дека сега да се тркаме ќе ме победи без проблеми“, изјави Болт. 

Болт од атлетиката се прости во 2017 година, а покрај тоа што ги држи светските рекорди на 100 и 200 метри тој освои вкупно осум златни медали од ЛОИ и 11 од Светските првенства.

Се вчитува...