Болт за поразот: Слабиот старт ме уништи

Фантастичната кариера на Усаин Болт заврши неславно, само со бронзен медал на Светското Првенство во Лондон. Незапирливиот спринтер долго време беше недостижен за ривалите, годинава беше очигледно дека го губи приматот, за синоќа и дефинитивно да капитулира пред налетите на Џастин Гетлин, кој му беше лут ривал со години наназад.

Болт спортски му честиташе на противникот на заслужената победа, а потоа ја откри и причината за својот пораз:

„Има една причина поради која загубив, тоа е слабиот старт. Тоа ме уништи, премногу заостанав, па и покрај напорите не успеав да ги стигнам ривалите. Голема благодарност до публиката, поддршката беше фантастична“ – истакна Болт.

Светскиот рекордер нема да настапи на трката на 200 метри, па штафетата 4х100 метри ќе биде негов последен настап на една атлетска трка.

Се вчитува...