Болт загуби во полуфиналето на 100 метри, но се пласира за финалната трка

Најбрзиот човек на светот Усаин Болт ја загуби полуфиналната трка на 100 метри од Американецот Кристијан Колмен. Сепак, успеа да се пласира како второпласиран во финалната трка, која ќе се одржи вечерва.

Болт лошо стартуваше, нешто слично како и во четвртфиналната трка, па не успеа да ја надомести негативата во однос на американскиот спринтер Кристијан Колмен. Тој на крајот беше побрз за само една стотинка, трќајќи 9,97 секунди, додека Болт заврши на втората позиција, со време од 9,98 секунди.

Се вчитува...