БОМБА: Јанис оди кај Дончиќ и Леброн во ЛА Лејкерс!?

Јанис Адетокумбо би можел да го промени тимот престојново лето, и да се пресели во редовите на ЛА Лејкерс или Њујорк Никс.

Наводно, грчкиот ас ги означил овие два тима како идеални за продолжување на кариерата, особено Лејкерсите. Јасно е дека челниците на Лејкерси мора да преземат сериозни чекори за да ги задоволат амбициите на Џејмс, особено откако Минесота Тимбервулвс ги елиминираа во првото коло од плејофот со резултат од 4-1 во серијата.

Пред раководството на Лејкерси е сериозна задача да формира тим способен да ја нападне шампионската титула во, како што многумина претпоставуваат, последната сезона на Леброн Џејмс.

Од друга страна, на Њујорк Никс многу експерти им даваат одлична шанса да стигнат до самиот крај во тековната сезона. Доколку сепак не успеат да го освојат прстенот, се очекува да вложат максимални напори да го доведат Јанис, кој веднаш би им донел врвен квалитет и би ги претворил во сериозен кандидат за титулата.

Причината за евентуалната разделба на Адетокумбо и Милвоки лежи во намерата на Бакс да започнат „реконструкција“, односно подмладување на тимот. Клубот е свесен дека сегашниот состав тешко може да им донесе борба за трофејот во наредните сезони, па затоа сакаат да ја добијат максималната вредност за својата ѕвезда додека можат.

Се вчитува...