„Бомба“ на Арагуиз, Леверкузен ја продолжува битката за позиција во ЛШ… (ВИДЕО)

Баер Леверкузен и Лајпциг извојуваа значајни победи во 24. коло од Бундеслигата, на тој начин продолжувајќи ја битката за една од водечките позиции на табелата кои водат во Лигата на шампионите следната сезона.

„Фармацевтите“ дојдоа до победа против Фрајбург од 2-0, најавена преку прекрасниот гол на Арагуиз уште во 4. минута од средбата. Леон Бејли во второто полувреме ги заокружи конечните 2-0.

 

Лајпциг, пак, дојде до гостинска победа од 0-1 против Нирнберг. Стрелец на единствениот гол вреден три бода беше Клостерман во 40. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 24. КОЛО

Леверкузен – Фрајбург 2-0

Ајнтрахт Ф. – Хофенхајм 3-2

Херта – Мајнц 2-1

Нирнберг – Лајпциг 0-1

Шалке – Фортуна Д. 0-4

Менхенгладбах – Баерн (18:30 ч.)

Се вчитува...