„Бомба“ на Меси со десна нога, прв гол по „војната“ со Бартомеу (видео)

Барселона славеше со 3-1 на пријателскиот дуел со Џирона, меч што го одбележа првиот погодок на Лионел Меси по војната што аргентинскиот генијалец со управата на каталонскиот гигант.

Кутињо го постигна првиот гол на мечот по акцијата што ја почна Меси, по што Аргентинецот постигна прекрасен погодок. Левата нога му е посилна страна на Меси, но капитенот на Барса вечерва биеше фантастично со десната нога, со помош на дирекот сместувајќи ја топката во мрежата.

Меси во второто полувреме постигна уште еден погодок, пред да биде повлечен од игра од тренерот Роналд Куман.

Се вчитува...