„Бомба“ од Италија: Рома го купува Аријан Адеми!

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е пред реализација на трансфер во италијанскиот гигант Рома во зимскиот преоден рок. Вест која ја пренесоа италијанските медиуми а која не наидува на демант од страна на Динамо Загреб.

Италијаните тврдат дека Рома веќе сериозно ги активирала своите „капацитети“ да дојде до услугите на Адеми. Веќе се почнати преговори со раководството на Динамо Загреб, а се очекува евентуална разврска до крајот на актуелнава недела.

А, Аријан Адеми во моментов е со својот тим на подготовките во Турција. Поради мала повреда, како што информираат од таборот на Динамо Загреб, ќе го пропушти утрешниот пријателски натпревар против Партизан Тирана но се очекува да настапи за својот тим веќе на следниот тест дуел.

Интерес за фудбалерот од средниот ред од поодамна постои и од француски Лил, но веќе е јасно дека Рома е далеку поподготвена да ја исполни и финансиската желба на „модрите“ за да го ослободат Адеми.

Се вчитува...