Жозеп Марија Бартомеу денеска би можел да поднесе оставка од местото претседател на Барселона. Во последно време Бартомеу е најомразена личност во Каталонија бидејќи е во отворена војна со најголемите ѕвезди на клубот. Навивачите планираат да му изгласаат недоверба на 1. ноември, а Бартомеу е против организирање на референдум во време на пандемија.
„Ако одлуката на каталонската влада е да се одржи референдумот, тогаш управата на чело со Бартомеу ќе се повлече. Во клубот сметаат дека референдумот треба да се одржи, но не во време на пандемија бидејќи голем дел од навивачите на Барселона се постари од 60 години и живеат далеку од „Камп ноу“, пренесуваат каталонските медиуми.
На денешниот состанок треба да се разговара за буџетот за следната сезона, но каталонските медиуми пренесуваат дека се очекува Бартомеу на стартот на состанокот да поднесе оставка и да ја почне темата за организација на нови избори кои ќе треба да се одржат во следните три месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА