„Бомба“ од Каталонија: Меси се враќа во Барса, веќе се почнати и преговорите со Лапорта!

Лионел Меси не се снаоѓа баш најдобро во Пари Сен Жермен. Аргентинецот е само бледа сенка на она кое беше во Барселона, па денеска од Шпанија пристигна сензационална вест дека еден од најдобрите светски фудбалери преговара за враќање во својот „дом“.

Меси во ПСЖ нема учинок каков што имаше во Барселона, а и „светците“ испаднаа од Реал Мадрид во Лигата на шампионите уште во осминафиналето, што им донесе свирежи на следниот домашен меч во Лига 1.

Новинарот Херардо Ромеро пишува дека Меси нема ништо против да се врати во редовите на Барселона. Ако претходно мораше да го напушти тимот поради финансиска криза, сега е спремен да се врати назад. Се тврди дека веќе се остварени првите контакти, разговорите ги води неговиот татко Хорхе Меси.

Мотив плус за враќање во Барселона е што на кормилото е Чави, инаку близок пријател на Меси. Аргентинецот играше за клубот од 2004 до 2021 година и во него стана еден од најдобрите на сите времиња.

Меси во ПСЖ досега има постигнато само два гола на осумнаесет лигашки натпревари.

Се вчитува...