„Бомба“ од Приштина – Роберто Карлос го презема Косово!?

Поранешниот бразилски ас и легенда на Реал Мадрид, Роберто Карлос би можел да стане селекторот на репрезентацијата на Косово.

Нашиот северен сосед кој остана без селектор по разделбата со Бернард Шаланд, веднаш стапил во контакт со Карлос за можноста да ја преземе селекцијата на Косово, пишуваат медиумите.

Карлос е најзвучното име меѓу кандидатите за селектор. Последен ангажман на Карлос бил пред шест години во екипата на Делхи Динамос. Претходно беше тренер на турските Сиваспор и Акишар.

Се вчитува...