Бомба од Шпанија – Роналдо го контактирал Перез, Португалецот се враќа во Реал

Кристијано Роналдо бил во контакт со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез како би се вратил на „Сантијаго Бернабеу“ пренесуваат шпанските медиуми.

Роналдо најверојатно на крајот на сезоната ќе го напушти Јувентус во кој стигна во 2018 година, а како што пренесуваат медиумите се подготвува голем кам-бек во Реал Мадрид. Тој веќе го контактирал Флорентино Перез и од двете страни имало согласност за повторна соработка.

За потсетување Роналдо замина од Реал Мадрид по освојувањето на Лигата на шампионите во 2018 година и се пресели во Јувентус за сума од 100 милиони евра.

Се вчитува...