Бомбач: Потонавме во финишот, осум гола се огромна предност за Вардар

Македонскиот ракометен првак Вардар одигра фантастично на првиот четвртинален меч од Лигата на шампионите и го совлада фаворизираниот Пик Сегед со 31-23. Словенечкиот интернационалец Деан Бомбач признава дека тоа е огромна предност за „црвено-црните“ пред реваншот што ќе се игра во Унгарија.

„Не знаеме ниту како се случи, едноставно потонавме во финишот, а Вардар ја искористи секоја наша грешка и во налет постигна неколку гола во серија. Ова е огромна предност за противникот, но ние ќе се потрудиме да бидеме многу подобри во реваншот. Ќе ја имаме поддршката од нашата публика и нема предвреме да се предадеме“, изјави Бомбач.

Реваншот меѓу Пик Сегед и Вардар ќе се одигра на 5.мај во Унгарија, а подобриот од двомечот ќе обезбеди пласман на Ф4 во Келн.

Се вчитува...