„Бомбата“ на Дардер – незапирлива за Димитриевски (видео)

Столе Димитриевски и Рајо Валјекано немаа среќа на вечерашното гостување во Барселона, губејќи со 2-1 од Еспањол со гол примен во 95. минута.

Македонскиот голман беше немоќен во самиот финиш од мечот, но и немаше шанса подобро да реагира откако Дардер испрати проектил кон неговиот гол од дваесетина метри, што заврши во долниот агол од мрежата.

Се вчитува...