„Бомби“ во кошаркарска Битола: Трајковски и Стајиќ во Пелистер

Во Битола летово огромна ракометна еуфорија, но паралелно со тој проект забрзано се развива и кошаркарскиот клуб Пелистер, кој потпиша договори со двајца македонски репрезентативци. Бојан Трајковски и Бобан Стајиќ веќе ги договорија условите за соработка и веќе ги ставија потписите на договорот со битолчани, како најава за сериозен кошаркарски проект кој ќе атакува за влез во Суперлигата.

Трајковски и Стајиќ минатата сезона ја минаа заедно во Кожув, но летово решија да ги променат клупските бои прифајќи го предизвикот да станат дел од битолскиот клуб. Пелистер лани направи солиден состав, но не успеа да се вмеша во борбата за топ 6, но со овие две и неколку нови засилувања сигурно ќе има капацитет да ги замрси сметките на најдобрите тимови од последните неколку сезони.

Битолчани се првиот клуб што тргна активно во потписи на кошаркари за следната сезона, па се очекува наскоро да се разбудат и МЗТ Скопје и Работнички, за вечните ривали да се фокусираат на кошарка, наместо на меѓусебни препукувања.

 

Се вчитува...