Бонавентура му донесе триумф на Милан против Болоња

Милан ја совлада Болоња со 2-1 на „Сан Сиро“ и малку ги залечи раните по срамот што го доживеа минатото коло, кога голманот на Беневенто им одзема триумф во последната минута од судиското продолжение. Ова е прв триумф и за Џенар Гатузо, новиот тренер на Милан, кој дојде на местото на Винченцо Монтела и најави многу подобри денови за својот тим.

Бонавентура во десеттата минута го отвори резултатот во корист на „росонерите“, но Болоња возврати брзо преку Симоне Верди, кој израмни во 23.минута. Долго време Милан чекаше шанса за втор гол, и повторно решението го имаше Бонавентура, кој во 76.минута, со удар со глава успеа да ја затресе мрежата на гостите.

Се вчитува...