Италијанскиот репрезентативец Леонардо Бонучи крена голема прашина со трансферот ова лето од Јувентус во Милан, но се вклопи во сивилото на „росонерите“ и не ги оправда очекувањата на раководството и пред се фановите на клубот. Тој веднаш ја доби и капитенската лента на Милан, но од засилувањето вредно 40 милиони евра сепак се очекуваше многу повеќе.
Италијанските медиуми најавуваат дека Бонучи би можел да си замине од „Сан Сиро“ по само една година и да се пресели во Ла Лига, за да го облече дресот на Реал Мадрид. „Кралевите“ се подготвени да ја платат истата сума, и да го извлечат Милан од тешката ситуација, со оглед дека ќе мора да ги задоволи условите на финансискиот фер-плеј по големите вложувања изминатото лето.
Милан вчера му даде отказ на тренерот Винченцо Монтела, а за нов стратег е именуван Џенаро Гатузо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА