Бонучи изненадувачки може да заврши во Премиер-лигата

Искусниот дефанзивец на Јувентус, Леонардо Бонучи најави дека идната сезона ќе му биде последна во кариерата. Иако се очекуваше да остане во Торино, или да замине во некоја друга средина како што е САД кај неговиот долгогодишен партнер Џорџо Кјелини, сепак, може да се случи на крајот Италијанецот да ја игра својата последна сезона во англиската Премиерлига.

Според информациите, Њукасл се распрашува за евентуален ангажман на Бонучи на „Сент Џејмс Парк“. Претходно и Олимпик Марсеј се интересираше за неговите услуги.

И покрај тоа што има 36 години, наводно Бонучи изразил желба последната сезона да ја одигра на високо, професионално ниво и во тим кој учествува во Лигата на Шампионите.

Ако Бонучи се пресели на „Сент Џејмс Парк“, тоа ќе биде вториот Италијанец кој го прави тоа во овој преоден рок. Претходно Сандро Тонали од Милан му се приклучи на тимот на Њукасл.

Се вчитува...